вторник, 26. октомври 2021. Вести денес: 201
home Вести

Поранешен шеф во Пентагон: Кина победи во битката со САД за вештачка интелигенција

Поранешен шеф во Пентагон: Кина победи во битката со САД за вештачка интелигенција

Кина ги победи САД во битката за вештачка интелигенција и е на пат за глобална доминација поради нејзиниот технолошки напредок, изјави поранешниот шеф на одборот за развој на софтвер на Пентагон за Фајненшл тајмс.

Според проценките на западните разузнавачки служби, Кина, втората по големина светска економија, веројатно ќе доминира во многу нови технологии, особено вештачка интелигенција, синтетичка биологија и генетика.

Николас Шајлан, првиот шеф за развој на софтвер во Пентагон, поднесе оставка во знак на протест поради бавната технолошка трансформација во американската војска.

– Немаме шанси да се натпреваруваме и да се бориме со Кина за 15 до 20 години. Во моментов тоа е веќе завршена работа, мое мислење е дека веќе е готово, изјави тој за весникот.

– Кина може да доминира со иднината на светот, да контролира сè, од медиумски наративи до геополитика, додаде тој.

Шајлан за ова ги обвинува бавните иновации, неподготвеноста на американските компании како Гугл да соработуваат со државата за вештачка интелигенција и обемните етички дискусии за технологијата. Гугл не бил достапен за коментар.

Кинеските компании, вели Шајлан, се обврзаа да работат со својата влада и „масовно инвестираат“ во вештачка интелигенција, без оглед на етиката.

Тој додаде дека американската кибер-одбрана во некои владини оддели е на „ниво на градинка“.

Шајлан соопшти дека поднесува оставка на почетокот на септември, објаснувајќи дека воените функционери постојано биле задолжени за кибер иницијативи за кои немале искуство.

Портпаролот на воздухопловните сили Френк Кендал и секретар на американските воздухопловни сили, разговараше со Шајлан за неговите препораки за иден развој на софтвер по неговата оставка и му се заблагодари за неговиот придонес, пишува Фајненшл тајмс.

Локални избори 2021