вторник, 20. октомври 2020. Вести денес: 63
home Вести

Поранешен претседател на Грузија осуден на шест години затвор

Поранешен претседател на Грузија осуден на шест години затвор

Суд во Грузија го осуди во отсуство поранешниот претседател на државата Михаил Сакашвили на шест години затвор поради злоупотреба на функцијата и обиди за прикривање докази за физичко насилство врз опозициски пратеник додека бил претседател.

Приврзаници на Сакашвили ги отфрлија наводите на судот како политички мотивирани.

– Многу е важно да се каже дека судот категорично отфрла секаква политичка мотивација за пресудата, изјави судијата.

Судот одлучи дека Сакашвили е виновен за злоупотреба на власта додека бил претседател на Грузија, поради тоа што се обидел да прикрие докази за претепување на опозицискиот пратеник Валери Гелашвили во 2005 година.

Сакашвили ги негира сите обвиненија против него.

Во jануари беше осуден на три години затвор поради обид за прикривање докази за убиството на банкар од Грузија.

Коронавирус