петок, 23. октомври 2020. Вести денес: 0
home Вести

Поранешен полски министер ги обвини Германија и Русија за заговор против Полска

Поранешен полски министер ги обвини Германија и Русија за заговор против Полска

Соработката меѓу Русија и Германија во изградбата на „Северен поток 2“ ја стеснува „јамката околу вратот“ на Полска, изјави во интервју за телевизијата ТВП1 поранешниот министер за одбрана на Полска Антони Маkеревич.

Според него, во таква ситуација клучно прашање за Полска е сојуз со САД, бидејќи ниту една друга земја не може да помогне по тоа прашање.

– Германија ја продолжува политиката на сојуз со Русија и тие заедно сакаат да ја стегнат јамката околу нашиот врат со помош на Северен поток 2. Тие сакаат да ја задават и Поска и централна Европа и засекогаш да ги направат зависни од сопствената економија и политичка моќ, изјави Маќеревич.

Поранешниот министер додаде дека Полска ќе остане независна држава само доколку на својата територија распореди американски воени бази, а, исто така, и доколку „Северен поток 2“ не биде завршен. Тој смета дека тие две прашања се клучни задачи на надворешната политика на Полска.

Коронавирус