четврток, 28. јануари 2021. Вести денес: 5
home Вести

Поранешен градоначалник си ја уби сопругата

Поранешен градоначалник си ја уби сопругата

Мохамед Али Наџафи призна дека со пиштол ја убил една од своите сопруги , јавува денеска иранската државна телевизија. Полицијата го приведе Наџафи, откако тој самиот се предал и признал дека ја убил својата сопруга Митра Наџафи.

Таа му била втора жена на Наџафи, кој неколку пати пукал во неа. Телото на жената било најдено во нивниот дом во една од елитните населби на Техеран , а по неколку часа во полицијата се предал и поранешниот градоначалник.

Според шеријатскито закон, мажите во Иран може да имаат повеќе жени, а вакво злосторство со повеќе истрели од пиштол се ретки.

Коронавирус