петок, 7. мај 2021. Вести денес: 0
home Вести

Поради случаи со редок и тежок вид на згрутчување на крвта, на „пауза“ и вакцината Џонсон и Џонсон

Поради случаи со редок и тежок вид на згрутчување на крвта, на „пауза“ и вакцината Џонсон и Џонсон

Центрите за контрола и превенција на болести на САД (ЦДЦ) и американската Управа за храна и лекови (ФДА) препорачаа земјата да ја паузира употребата на вакцината на Џонсон и Џонсон против Ковид-19 откако беа пријавени шест случаи на „редок и тежок“ вид на згрутчување на крвта, јави Си-Ен-Ен.

Шесте пријавени случаи биле меѓу повеќе од 6,8 милиони дози на вакцината на Џонсон и Џонсон, администрирани во САД.

Сите шест случаи се случиле кај жени на возраст меѓу 18 и 48 години, а симптомите се појавиле 6-13 дена по вакцинирањето, се вели во денешната заедничка изјава на д-р Ана Шухат, главен заменик директор на ЦДЦ и д-р Питер Маркс, директор на Центарот за билошка евалуација и истражување при ФДА.

„ЦДЦ за утре свика состанок на Советодавниот комитет за практики на имунизација (АЦИП) за понатамошно разгледување на овие случаи и проценка на нивното потенцијално значење“, се вели во соопштението. „ФДА ќе ја разгледа таа анализа бидејќи ги истражува и овие случаи. Додека не заврши тој процес, препорачуваме пауза во употребата на оваа вакцина, првенствено поради претпазливост. Ова е важно и за да се осигури дека давателот на здравствени услуги во заедниците е свесен за можни вакви несакани појави и ќе може да планира правилно препознавање и управување, поради единствениот третман потребен со овој вид на тромб“.

Во изјавта на Џонсон и Џонсон за Си Ен Ен се посочува дека сите оние кои до три седмици по вакцинирањето имаат голема главоболка, болка во стомакот, болка во нога или недостиг на здив, треба да побараат медицинска помош.
Сепак, како што пренесува Си-Ен-Ен ваквите нус појави се „екстремно ретки“, односно се случуваат една во милион.
Според Д-р Карлос дел Рио, извршен соработник декан на Медицинскиот факултет на Универзитетот Емори додаде дека згрутчувањето на крвта може да биде поврзано со тоа дека вакцината на Џонсон и Џонсон е вакцина против аденовирус – ист тип како и вакцината против коронавирус на Астра Зенека.

И Европската агенција за лекови минатата недела соопшти дека ја испитува поврзаноста на вакцината Џенсен со појавата на згрутчување на крвта.

Коронавирус