четврток, 21. јануари 2021. Вести денес: 177
home Вести

Поради силно невреме во Франција над 140.000 домаќинства останаа без струја

Поради силно невреме во Франција над 140.000 домаќинства останаа без струја
илустрација

Најмалку 140.000 домаќинства останаа без електрична енергија денеска поради силно невреме што погоди делови од Франција. Блокирани се и патишта поради откорнати и паднати стебла од дрвја.
Бурата Амелија донесе и поројни поплави на југоисток во државата.

Од камп се евакуирани 47 лица. Во прекин е и железничкиот сообраќај на повеќе правци.

Ударите на ветрот достигнаа 160 километри на час. Бурата се движи кон копно и интензитетот слабее, соопшти националната метеоролошка служба.

Коронавирус