среда, 29. јануари 2020. Вести денес: 140
home Вести

Поради пожарите високо ниво на загадување на воздухот во Австралија

Поради пожарите високо ниво на загадување на воздухот во Австралија

Нивото на загадување на воздухот во австралиската сојузна држава Нов Јужен Велс денеска е рекордно зголемено, а чад што се шири од шумските пожари претставува опасност за возачите поради намалена видливост.

Сиднеј, најбројниот австралиски град, четврти ден по ред е прекирен со чад, со што беше рангиран на листата десет најзагадени градови во светот.

Во пожарите од почетокот на ноември загинаа најмалку четири лица, а уништени повеќе од 400 куќи.

Во Нов Јужен Велс, Викторија, Јужна Австралија и Квисленд и понатаму има активни пожари.