петок, 19. април 2019. Вести денес: 155
home Вести

Поради оваа фотографија е укинат азилот на Џулијан Асанж: Претседателот на Еквадор, хотелски кревет и јастог

Поради оваа фотографија е укинат азилот на Џулијан Асанж: Претседателот на Еквадор, хотелски кревет и јастог

Расправија околу порција јастог во кревет, го чинеше Џулијан Асанж азил во амбасадата на Еквадор во Лондон, каде помина седум години избегнувајќи да биде екстрадиран во Шведска.

Според странските медиуми, азилот му го укина претседателот на Еквадор, Лениј Морено откако се појавија повеќе од 200 негови фотографии и пораки на кои се гледа како ужива со сопругата во луксузни одмори низ Европа, со јастог во хотелскиот кревет.

Тие фотографии предизвикале бес во Еквадор во моменти кога шефот на државата воведе мерки за штедење во земјата. Морено го обвини Асанж дека стои зад објавувањето на овие фотографии, а тој пак демантираше, па Морено порача дека Асанж немал право да му го хакира приватниот телефон.

Основачот на Викиликс може да биде екстрадиран во Шведска каде што е обвинет за сексуално злоставување, како и во САД каде го бараат за објавување на стотина доверливи документи.

Во Америка е обвинет за издавање и загрозување на националната безбедност поради што би можел да биде осуден на смрт или доживотен затвор.