сабота, 5. декември 2020. Вести денес: 107
home Вести

Поради ова може да заврши во затвор: Откриено што правел таткото на детето кое висеше на балконот во Франција

Поради ова може да заврши во затвор: Откриено што правел таткото на детето кое висеше на балконот во Франција

Истрагата покажала дека таткото на детето кое млад мигрант од Мали го спаси од балкон во Париз за тоа време играл „Покемон Гоу“.

Мигрантот од Мали Мамоду Гасама го воодушеви светот, а поради неговиот подвиг претседателот Емануел Макрон на момчето му понуди и државјанство. Од друга страна, таткото на четиригодишното дете е приведен и би можел да заврши во затвор, пренесува Метро.

-Таткото го напуштил станот додека се случувал инцидентот. Отишол да купува, а потоа одлучил а игра „Покемон Гоу“ на улица, изјави обвинителот Фансоа Молинс.

-Неговото однесување се истражува како прекршок поради неисполнување на родителските обврски, за што е можна казна од две години затвор, додаде тој.

Судењето е закажано за септември. Обвинителот објасни дека прозорот останал отворен и немало заштита на балконот која би можела да го спречи детето а се качи на оградата.

Таткото е вознемирен затоа што сфаќа што направи и што можело да се случи.

Коронавирус