среда, 20. октомври 2021. Вести денес: 150
home Вести

Поради опасноста од Ковид-19 побарано Трамп да го одложи предизборниот собир во Тулса

Поради опасноста од Ковид-19 побарано Трамп да го одложи предизборниот собир во Тулса

Д-р Брус Дарт, прв човек на здравствените служби во Тулса, град во американската сојузна држава Оклахома, каде е планиран првиот предзборен собир на американскиот претседател Доналд Трамп, денеска изјави дека поради зголемувањето на бројот на лица  кои страдаат од коронавирус би било добро претседателот да го одложи изборниот митинг, што треба да се оддржи во сабота.

-Посакувам тоа да можеме да го одложиме за време кога вирусот нема да биде толкава причина за загриженост како што е денеска, рече д-р Дарт во интервју за локален весник.

За Тулса е чест што еден актуелен претседател сака да дојде и да ја посети локалната заедница, но не е добро тоа да биде за време на пандемија, рече експертот.

-Загрижен сум за нашата способност да го заштитиме секој што ќе присуствува на големиот собир во затворена просторија, како и нашата можност да го направиме претседателот безбеден, додаде Дарт.

Градските здравствени власти на Тулса токму во петокот соопштија за  најголемото дневно зголемување на бројот на заболени од коронавирусот, пренесува Си-Ен-Ен.

Локални избори 2021