вторник, 28. септември 2021. Вести денес: 174
home Вести

Поради новиот коронавирус намален бројот на туристи во Франција

Поради новиот коронавирус намален бројот на туристи во Франција

Францускиот министер за финансии Бруно Ле Мер изјави дека бројот на туристи е намален од 30 до 40 проценти од очекуваното поради новиот коронавирус.

– Тоа секако има значително влијание врз француската економија, посочи Ле Мер.

Забраната и одложувањето на патувањата резултираа со околу 200.000 откажани летови ширум светот, а Франција е една од најпопуларните туристички дестинации. Франција минатата година беше посетена од околу 90 милиони туристи, а туризмот учествува со околу осум проценти во францускиот бруто домашен производ.

Франција секоја година ја посетуваат приближно 2,7 милиони туристи од Кина.

Епидемијата на новиот коронавирус почна да се шири кон крајот на 2019 година од кинескиот град Вухан. Досега во Кина регистрирани се околу 2.500 смртни случаи.

Според Светска здравствена организација во Франција досега се регистрирани 12 заразени од новиот коронавирус, а нема ниту еден смртен случај.

Коронавирус