сабота, 18. септември 2021. Вести денес: 81
АКТУЕЛНО

ЦРН РЕКОРД НА ПОЧИНАТИ ВО ЗЕМЈАВА: Денеска над 40 починати, НАЈМЛАДИОТ НА САМО 18 ГОДИНИ!

home Вести

Поради нови 12 заразени со коронавирусот локдаун – австралиската држава Викторија оди во еднонеделен карантин

Поради нови 12 заразени со коронавирусот локдаун – австралиската држава Викторија оди во еднонеделен карантин

Околу седум милиони жители на австралиската држава Викторија од денеска ќе бидат во еденонеделен карантин со цел да се спречи ширење на Ковид-19.

– Граѓаните на втората најнаселена австралиска сојузна држава ќе можат да ги напуштат домовите само за важни работа, од здравствени причини, за пазарување или вежбање, изјави вршителот на должноста премиерот на Викторија, Џејмс Мерлино.

Рестриктивните мерки стапуваат во сила денеска на полноќ по локално време (13 часот и 59 минути по Гринич) и ќе бидат во сила до 3 јуни.

Мерките се вовердуваат откако во изминатите 24 часа регистрирани се 12 новозаразени со Ковид-19 во Мелбурн, со што бројот на инфицирани во текот на неделата се искачи на 26 луѓе. (МИА)

Коронавирус