недела, 28. февруари 2021. Вести денес: 95
home Вести

Поради недостиг на вакцини, прекината е вакцинацијата во Мадрид

Поради недостиг на вакцини, прекината е вакцинацијата во Мадрид

Локалните власти во Мадрид објавија дека вакцинацијата против коронавирусот е прекината во текот на оваа и следната недела поради недостиг на вакцини.

Властите ја прекинаа вакцинацијата за новите приматели на прва доза.

Досега во главниот град на Шпанија се вакцинирани околу 180.000 лица, а повеќе од 1,3 милиони граѓани во целата држава. (МИА)

Коронавирус