четврток, 29. октомври 2020. Вести денес: 166
home Вести

Поради недостиг на работна сила во пензија на 70 години

Поради недостиг на работна сила во пензија на 70 години

Во обид да се справи со сериозниот недостиг на работна сила, зголемување на трошоците за социјална помош и намалувањето на даночните обврзници поради стареење на населението, Јапонија одобри план, со кој вработените ќе имаат избор да се пензионира по 70-годишна возраст.

Владата најави дека сака да ги утврди предлозите преку законски измени по април 2020 година и ќе се стреми етапно да ја зголеми задолжителната возраст за пензионирање за околу 3,4 милиони државни службеници од 60 години на 65 години.

Сега Јапонците можат да одлучат да се пензионираат во произволен момент ако се на возраст меѓу 60 и 70 години, а пак ако го направат тоа по 65-годишна возраст, добиваат поголема пензија.

Според властите, во следните четири децении, јапонското население ќе се намали од 127 милиони, колку што изнесува сега, на 88 милиони.

Коронавирус