сабота, 15. август 2020. Вести денес: 0
home Вести

Поради Ковид-19, се затвора границата меѓу двете најнаселени австралиски држави

Поради Ковид-19, се затвора границата меѓу двете најнаселени австралиски држави

Границата помеѓу двете најнаселени австралиски држави, Викторија и Нов Јужен Велс, од денеска ќе биде затворена, со цел да се спречи ширењето на Ковид-19, изјави премиерот на Викторија, Даниел Ендрус.

Ова е првпат во последните 100 години да се затвори границата – последен пат кога се случи тоа беше во 1919 година, за време на епидемијата на шпанската треска.

Бројот на луѓе заразени со коронавирус се зголеми во последните денови во Мелбурн, главниот град Викторија, поради што властите препрачаа строго дистанцирање во 30 предградија и наредија девет висококатници да бидат во целосен карантин.

Затворањето на границата меѓу двете земји ќе започне во вторник во 11.59 часот по локално време.

Инаку, Викторија, која граничи со Јужна Австралија, претходно  ја затвори таа граница.

Коронавирус