вторник, 19. октомври 2021. Вести денес: 0
home Вести

Поради коронавирусот oд Евреите е побарано да не го бакнуваат Ѕидот на плачот

Поради коронавирусот oд Евреите е побарано да не го бакнуваат Ѕидот на плачот
Western Wall

Евреите не треба да го бакнуваат Ѕидот на плачот, изјави главниот рабин на Ерусалим, посочувајќи дека тоа е дел мерките усвоени од верските власти со цел спрешување на новиот коронавирус.

Голем број Евреи се молат пред Ѕидот на плачот, го бакнуваат и ставаат напишани молитви во пукнатините. Бакнувањето на Сидот не е дел од верскиот ритуал, но некои Евреи тоа го прават, верувајќи дека со тоа искажуваат почит кон Бога.

Во најновото соопштение, верските власти повторуваат да не се бакнува Ѕидот и верниците да држат соодветно растојание.

Во израел има 255 заразени со коронавирус, и уште 39 лица на Западниот Брег. Засега не се потврдени случаи на Ковид-19 во Појасот Газа.

Локални избори 2021