вторник, 14. јули 2020. Вести денес: 91
home Вести

Поради коронавирусот „Амазон“ проверува идентитет на трговците преку видео повици

Поради коронавирусот „Амазон“ проверува идентитет на трговците преку видео повици

Американскиот гигант за продажба на интернет Амазон, ја тестира можноста за користење видео конференција, за да се потврди идентитетот на трговците кои сакаат да продаваат стоки на нејзината страница за поефикасно да спречат потенцијална измама.

Амазон веќе подолго време е под лупа заради недостатоци при фалсификувани проверки и наводно небезбедни производи што ги нудат трговците на таа платформа. Фалсификуваната продажба предизвика незадоволство кај некои големи брендови, како „Епл“ и „Најк“, а некои заедно ја напуштија платформата Амазон.

На почетокот на годината, компанијата започна да го верификува идентитетот на потенцијалните клиенти преку физички состаноци. Во февруари, тие се префрлија исклучиво на видео-конференциски повици. За време на пилот-фазата, преку видео конференции беа интервјуирани повеќе од 1.000 кандидати продавачи од Кина, САД, Велика Британија и Јапонија, се вели во соопштението

Според Маркетплејс пулс од 2019 година, дури 40 проценти од водечките продавачи на Aназон во Европа се со седиште во Кина. (МИА)