четврток, 24. јуни 2021. Вести денес: 50
home Вести

Поради фактори на ризик: Во Бразил нема да се вакцинираат трудници

Поради фактори на ризик: Во Бразил нема да се вакцинираат трудници

Бразилската држава Сао Паоло денеска престана да дава вакцина против коронавирус на бремени жени поради одредени фактори на ризик, откако регулаторното тело за здравство соопшти дека ниту една бремена жена не смее да прима доза на „АстраЗенека“.

Министерството за здравство на државата Рио де Жанеиро исто така најави дека ќе ја прекине вакцинацијата на сите бремени жени.

Американскиот Центар за контрола и превенција на болести неодамна соопшти дека во САД е дозволена имунизација на бремени жени со вакцините на „Модерна“ и „Фајзер / Бионтек“. (МИА)

ЕУРО 2020

Македонија