четврток, 1. октомври 2020. Вести денес: 133
home Вести

Поради цигара си го ризикувал животот: Се возел меѓу два вагона од воз со 200 километри на час

Поради цигара си го ризикувал животот: Се возел меѓу два вагона од воз со 200 километри на час

Германeц кој патувал кон Хамбург со воз излегол да испуши цигара, па останал заглавен меѓу два вагона, во движење со брзина од 200 километри на час и на минусни температури. Но сепак, човекот преживеал, соопшти германската полиција.

Патниците го слушнале крикот на 33-годишниот човек и, како што пренесува ФЕНА, биле во состојба да ја повлечат итната сопирачка, овозможувајќи му да влезе во возот.

Тој потоа е предаден во станица во Есен и бил „недвосмислено информиран од страна на Федералната полиција во каква смртна опасност бил во тој миг”.

Имал среќа што преживеал, но сега е под истрага за ризично однесување во сообраќајот.

Коронавирус