сабота, 28. март 2020. Вести денес: 102
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Вести

Поплави во Конго, раселени 50.000 луѓе

Поплави во Конго, раселени 50.000 луѓе

Владата на Република Конго прогласи состојба на природна катастрофа на три територии, откако најмалку 50.000 луѓе беа раселени поради големи поплави.

Советот на министри соопшти дека по повеќенеделните обилни дождови на териториите на Ликуал, Ла Кувет и Плато, уништени се голем број куќи и инфраструктурни објекти.

Владата соопшти дека големите поплави предизвикале загуба на насади, добиток, резерви на храна и довеле до повторен пораст на болести кои ги предизвикува зголемувањето на нивото на водата.

Советот нагласи дека околу 50.000 луѓе долж реката Конго се во опасност.

Виктор Нгаси, генерален секретар на Макотипоко, околу 400 километри низводно од Бразавил, рече дека во неговата област е регистриран еден смртен случај.

Тој додаде дека луѓето гладуваат и чекаат помош од Владата.