петок, 29. јули 2022. Вести денес: 129
home Вести

Поплави во Индија, загинаа 31 лице

Поплави во Индија, загинаа 31 лице

Најмалку 31 лице загинаа во последните два дена во североисточните индиски држави Асам и Мегалаја во поплавите предизвикани од обилните монсунски дождови. НДТВ денеска објави дека дождовите го подигнале нивото на водата во реката Брамапутра и нејзините притоки.

Најмалку 12 лица загинаа како последица на поплавите и лизгањето на земјиштето во Асам, каде што околу 1,9 милиони луѓе се во зоната на поплавите. Властите на Мегалаја пријавија 19 смртни случаи.

Околу 3.000 села во двете држави се поплавени. Од минатата среда во некои делови од североисточниот дел на земјата наврнаа повеќе од 800 милиметри дожд. Администрациите во регионите погодени од поплавите издадоа предупредувања во кои ги повикуваат луѓето да не ги напуштаат своите домови освен ако има итна потреба или потреба од медицинска помош.

Синоптичарите предупредуваат дека врнежите ќе продолжат и во наредните денови.

Коронавирус