среда, 27. октомври 2021. Вести денес: 126
home Вести

Помпео во посета на Јордан

Помпео во посета на Јордан

Американскиот државен секретар Мајк Помпео пристигна во посета на Јордан на разговори со кралот Абдула Втори.

На средбата ќе се разговара за билатерната соработка, ситуацијата во Сирија и во Ирак, како шансите за обнова на мировниот процес на Блискиот исток.

Помпео претходно ги посети Саудиска Арабија и Израел.

Јордан беше меѓу првите држави што изразија несогласување од одлуката од 6 декември лани на американскиот претседател Доналд Трамп да го признае Ерусалим за главен град на Израел и да ја премести Амбасадата на САД во Стариот град на Ерусалим која сега е во Тел Авив.

МИА

Локални избори 2021