петок, 23. октомври 2020. Вести денес: 48
home Вести

Помпео: Верувам дека јапонскиот премиер ќе работи на засилување на односите со САД

Помпео: Верувам дека јапонскиот премиер ќе работи на засилување на односите со САД

Американскиот државен секретар, Мајк Помпео, го поздрави назначувањето на Јошихиде Суга за нов јапонски премиер и изјави дека верува оти Суга ќе работи на зајакнување на односите меѓу Вашингтон и Токио, јавија британските медиуми.

Пред средбата со шефот на јапонската дипломатија,Тосимитсу Мотеги, во Токио, Помпео кажа дека се согласува со Суга дека слободниот и отворен Индо-Пацифик е основата за мир и стабилност во регионот.

Помпео додаде дека Суга има потенцијал да ги смени работите на подобро, што го покажа претходно, кога беше главен секретар на кабинетот на претходниот премиер, Шинѕо Абе.

-САД ги имаат сите причини да веруваат дека Суга ќе го зајакне нашиот долгогодишен сојуз во оваа нова улога, рече Помпео.

Суга, кој го замени Абе како премиер минатиот месец, се соочува со тешката задача да ја балансира потребата за одржување на соработката со Кина со барањата на САД за поостар став.

Коронавирус