вторник, 19. јануари 2021. Вести денес: 51
home Вести

Помпео: Трамп и Путин ќе разговараат за Украина и Сирија

Помпео: Трамп и Путин ќе разговараат за Украина и Сирија
epa06875833 US Secretary of State, Mike Pompeo talks with journalists during a joint press conference with Afghanistan President, Ashraf Ghani (not pictured) at the presidential palace, Kabul, Afghanistan, 09 July 2018. Pompeo has arrived in Afghanistan on an unannounced visit after visiting Vietnam. EPA-EFE/HEDAYATULLAH AMID

Американскиот државен секретар Мајк Помпео изјави дека на претстојната средба меѓу претседателите на САД и Русија, Доналд Трамп и Владимир Путин ќе се дискутира за состојбата во Украина и во Сирија, двете кризни жаришта кои ги зголемија тензиите меѓу Вашингтон и Москва.

За време на посетата на Обединетите Арапски Емирати, Помпео ја обвини Русија дека не го почитувала договорот да не се спроведуваат воени операции на југот на Сирија.

– Очигледно е дека го нарушија овој договор. Работиме со сите заинтересирани страни за да ги убедиме Русите, Сиријците и Иранците да ги испочитуваат своите политички обврски. Иран и иранските доброволци треба да се повлечат од Сирија, побара Помпео.

Трамп и Путин ќе се сретнат на 16 јули во финскиот главен град Хелсинки, за време на европската турнеја на Трамп, кој претходно ќе учествува на самитот на НАТО во Брисел и ќе ја посети Велика Британија.

МИА

Коронавирус