– Секретарот ја истакна сериозноста на американската загриженост доколку тие (Турција) го сторат тоа, изјави висок претставник на САД по состанокот на Помпео и Чавушоглу, на маргините на состанокот на министрите за надворешни работи на земјите членки на НАТО во Брисел.
Помпео побара од Чавушоглу Турција „внимателно ќе ги разгледа“ таквите системи кои се кохерентни со НАТО-системите.
Чавушоглу по состанокот изјави дека набавката на С-400 е завршен договор, но дека Турција е отворена за купување други одбранбени системи од своите сојузници.
Турција потпиша договор со Русија кон крајот на декември за ракетен систем С-400 со вредност од 200 милијарди американски долари, чија цел е да ја зајакне својата одбранбена моќ од заканите од Курдите и исламските екстремисти во Турција, како и поради конфликтите на границите со Сирија и Ирак.