среда, 26. јануари 2022. Вести денес: 97
АКТУЕЛНО

Активни над 20.800 случаи на коронавирус

home Вести

Помпео: САД подготвуваат „низа активности” против Венецуела

Помпео: САД подготвуваат „низа активности” против Венецуела

САД подготвуваат „серија активноси“ за наредните денови за да го зајакнат притисокот врз владата на Венецуела, изјави за Фокс њуз државниот секретар на САД Мајк Помпео.

– Ќе видите во наредните денови серија потези кои продолжуваат да го зголемуваат степенот на притисок против венецуелското раководство, кое директно работи против интересите на народот на Венецуела, изјави Помпео.

– Ние и натаму сме одлучни да обезбедиме дека Венецуелците ќе го добијат правото на глас, изјави тој.

Помпео не соопшти повеќе детали за природата на планираните активности.

Коронавирус