петок, 18. октомври 2019. Вести денес: 107
home Вести

Поминал 27 години во затвор невин, сега за секоја година добива милион долари (ВИДЕО)

Поминал 27 години во затвор невин, сега за секоја година добива милион долари (ВИДЕО)

Марк Шанд (57) од Хартфорд, Масачусетс, минал речиси 30 години во затвор за убиство кое не го извршил, а сега федералната порота одлучи да му додели отштета од 27 милиони долари.

Поточно, добил милион долари за секоја година мината во затвор. Кога била изречена одлуката на поротата сите почнале да плачат.

Шанд бил осуден на доживотна казна без можност за помилување поради убиството на Викторија Сејмор во 1986-та година.

Жртвата, инаку мајка на три деца, била застрелана на улица откако размена на дилери на дрога тргнала на лошо. Меѓу дилерите биле и браќата Стокс.

Полицијата го идентификувала Марк како локален криминалец и приложила негова фотографија до детективите од Спрингфилд за да им помогнат во идентификацијата на убиецот.

Три недели подоцна, сведок им рекол на инспекторите дека е „50 отсто сигурен“ дека Шанд пукал. Браќата Стокс го идентификувале Шанд како пукачот, и тоа го потврдиле на судењето.

Непрофитабилната организација која презема случаи за луѓе за кои се сомнева дека се погрешно осудени, го преземала неговиот случај во 2010-та година, 23 години по пресудата.

Пронашле нови сведоци, а ги предочиле лажните сведочења и кршењето на законот кои го извршиле сега пензионираните полицајци.

Исто така пронашле и сведок кој го потврдил алибито на Марк дека бил неколку километри оддалечен од местото каде се случило пукањето. Во март 2013-та дошло до ново судење, а судијата наредил Марк да се ослободи од затвор во октомври истата година.

Во замена за кражбата на речиси 3 децении од неговиот живот, државата на почетокот прифатила да плати 450.000 долари. Службениците никогаш не морале да се извинат или да признаат дека погрешиле.

Шанд го тужел градот Спрингфилд во 2015-та година поради постапката на полицајците кои лажно го идентификувале како пукач.


Така судот во петокот пресудил да му се исплатат по милион долари за секоја година мината во затвор – вкупно 27 милиони. Тоа, сепак, според зборовите на Марк, не е најдобрата вест, туку фактот дека сопругата Миа цело време го чекала и се борела вистината да победи.