среда, 18. септември 2019. Вести денес: 73
home Вести

Полските лекари објавија вонредна состојба во здравството

Полските лекари објавија вонредна состојба во здравството

Полските лекарски асоцијации објавија вонредна состојба во здравството во пресрет на парламентарните избори во државата закажани за идниот месец, јави ДПА.

Според лекарите од регионалната лекарска организација на Варшава, состојбата во здравството се влошува поради несогласувањата на политичарите. Тоа го изразија синоќа на прес конференција.

Тие заедно со органзиации на фармацевти, медицински сестри и пациенти, упатија барања адресирани до полските пратеници во манифест.

Тие објавија и почеток на кампања на билборди со цел да се привлече внимание за проблемите во полскиот здравствен систем. На нив има пораки – „Јавните средства за здравство се двапати помали од просекот во ЕУ“…и – „24-месечен ред за ендокринолог“.

Барањата им се јавните средства да бидат 6,8 отсто од БДП до крајот на 2021 година и девет отсто до крајот на 2030 година. Тие бараат фиксиран максимум за време во кое пациент може да чека за прием кај специјалист и доволно болнички места за болни вопзрасни лица. Лекарите протестираат од февруари, и владата се согласи за зголемување на платите и вети средства за здравството да бидат до шест отсто од БПД до 2024 година.