четврток, 26. ноември 2020. Вести денес: 138
Во живо

Натпартиски протест за одбрана на црвените линии кои се последниот бедем на нашиот идентитет

home Вести

Полскиот Парламент го усвои спорниот закон за судии

Полскиот Парламент го усвои спорниот закон за судии

Пратениците од Долниот дом на полскиот Парламент, (Сејм) денеска го поддржаа спорниот предлог закон, со кој се овозможи да бидат отпуштени од работа судии кои ги критикуваат одлуките на властите.

Предлог-законот е усвоен во Сејмот и сега претстои да биде потпишан од претседателот Анджеј Дуда, кој изрази поддршка за законот.

Законот беше предложен од владејачката конзервативна партија Право и правда, која бара поголема контрола врз судството, а наиде на осуди и од Европската унија, Обединетите нации и други меѓународни тела, како и домашни правни експерти и опозицијата. Критичарите оценуваат дека со тој закон се кршат принципите на Европската унија и демократската поделба на власта.

Минатата недела, горниот дом на Парламентот, Сенатот, го отфрли законот.

Коронавирус