понеделник, 19. октомври 2020. Вести денес: 111
home Вести

Полската полиција заплени над три тони кокаин

Полската полиција заплени над три тони кокаин
фото илустрација

Полската полиција заплени повеќе од три тони кокаин, скриен во буриња со замрзната каша од ананас, во вредност од околу 760 милиони долари на црниот пазар.

Во акцијата во регионот Померанија уапсени се тројца мажи на возраст од 64 до 71 година.

Кокаинот бил откриен во магацин во пристанишниот град Гдинија, каде бил пренесен со брод што дошол од Еквадор преку Хамбург.

Премиерот на Полска, Матес Моравиецки изјави дека кокаинот би можел да се подели во милион дози и да загрози животи на голем број млади луѓе.

Коронавирус