сабота, 28. ноември 2020. Вести денес: 8
home Вести

Полска повторно ќе ги зајакне мерките ако расте бројот на новозаболени од Ковид-19

Полска повторно ќе ги зајакне мерките ако расте бројот на новозаболени од Ковид-19

Полска може повторно да ги заостри ограничувањата за да го спречи ширењето на коронавирусот доколку значително се зголеми бројот на заразени, предупреди министерот за здравство Лукаш Шумовски.

Од денеска повторно се отворени парковите и шумите, по одлуката на полската Влада да се олабават некои од воведените ограничувања за спречување на вирусот.

Во Полска вчера се регистрирани 545 нови случаи, што е најголем дневен пораст на бројот на заразени пациенти досега.

Коронавирус