вторник, 20. август 2019. Вести денес: 118
home Вести

Полска: Не сме влегле во каков било договор за прием на баратели на азил

Полска: Не сме влегле во каков било договор за прием на баратели на азил

Полска не влегла во никаков договор за прием на баратели на азил од Германија, соопшти портпаролот на полското Министерството за надворешни работи.

– Нема нови договори во врска со приемот на баратели на азил од земјите на ЕУ, го потврдуваме тоа како што направија Чешка и Унгарија, изјави портпаролот на полското министерство Артур Ломпарт.

Претходно и Унгарија и Чешка негираа дека се меѓу 14-те земји, кои ги спомна германската канцеларка Ангела Меркел, а кои се подготвени да потпишат договор со Германија за забрзување на процесот на реадмисија на барателите на азил депортирани од Германија.

(Миа)