сабота, 19. септември 2020. Вести денес: 99
home Вести

Полска ја продолжува забраната за летови до Скопје

Полска ја продолжува забраната за летови до Скопје

Полската влада сака да ја продолжи забраната за меѓународни летови до 25 август 2020 година за 45 земји, пренесува порталот „Екс-ЈУ Авијација“.

Земјите на кои забраната за летање ќе продолжи да се применува се, меѓу другото, Србија, Босна и Херцеговина, Македонија и Црна Гора.

ЛОТ- најголемата полска авиокомпанија која лета за Скопје, Подгорица и Белград, во моментов планира да ги продолжи операциите во главниот град на Македонија и Србија во септември, додека летовите кон Подгорица се прекинати до почетокот на зимската сезона 2020/2021 година.

Одлуката на владата во Варшава ќе влијае и врз работењето на Виз Ер и Рајанар од Полска до Подгорица.

Коронавирус