вторник, 27. октомври 2020. Вести денес: 17
home Вести

Полска ја надгледува границата со Белорусија

Полска ја надгледува границата со Белорусија

Полска, како и други земји-членки на НАТО, ја следи состојбата на границата со Белорусија, нагласи заменик министерот за одбрана на таа земја.

Заменик-министерот за одбрана Војчех Скуркиевич изјави дека Полска, како и другите земји на НАТО, ги следи настаните во Белорусија, како и ситуацијата на границата меѓу двете земји.

– Нема да бидеме пасивни, рече Скуркиевич.

НАТО вчера ги отфрли обвинувањата на белорускиот претседател Александар Лукашенко дека Северноатлантската алијанса ги групира своите сили по западната граница на Белорусија, но беше потврдено дека ситуацијата во таа земја внимателно се следи, по изборите на кои победи Лукашенко.

Армијата на Белорусија планира да одржи воени вежби во близина на нуклеарната централа и во регионот Гродно, која граничи со Полска и Литванија, од денеска до 20 август.

Коронавирус