сабота, 6. март 2021. Вести денес: 91
home Вести

Полска и покрај карантинот следната недела ќе ги отвори зимските центри

Полска и покрај карантинот следната недела ќе ги отвори зимските центри

Полските угостители и другите стопанственици од услужниот сектор се најтешко погодени од воведениот карантин поради пандемијата со Ковид-19. Тие и покрај високите казни најавуваат следната недела да ги отворат рестораните, пансионите и скијачките центри.

Прво се организираа угостителите од Татрите и покренаа иницијатива наречена Горско вето, со која се повикува на отворање на туристичките и угостителските објекти од следната недела.

– Само сега можеме да се обидеме да се спасиме. Тоа е последен момент. Се ставаме на една карта. Ако сега не почнеме да протестираме, не почнеме да живееме и работиме нормално за еден месец ќе нема кој да се врати. Ќе дадеме импулс на цела Полска. Да ставиме крај на лудилото што ќе ја уништи средната класа, малиот и среден бизнис и ќе ги убие Полјаците, изјави иницијаторот на Горско вето, Себастијан Питоњ.

Иницијативата наиде на голем одѕив, бидејќи во Полска последни на листата за укинување на мерките се туризмот и угостителството.

Стопанствениците не се плашат од казните на санитарната инспекција за кршење на мерките бидејќи се убедени дека ќе победат на суд. Досега неколку судови ги ослободија бизнисмените од казна за тоа што пружале услуги, бидејќи мерките се воведени со уредби, а треба да се воведени врз основа на закон, бидејќи не е прогласена вонредна состојба.

– Ја поднесовме и првата колективна тужба во има на 45 фирми од областа на туризмот со која укажуваме дека казните врз основа на уредбите на Владата, а не врз основа на закон се во спроитвност во Уставот. Во нашата канцеларија се јавуваат се поголем број бизнисмени кои сакаат државата да им плати отштета, изјави адвокатот Амадеуш Борковски.

Лизгалиштето во Лоѓ беше отворено и покрај забраната откако се пренамени во цвеќарница. Цвеќето е поставено на средина од лизгалиштето, а купувачите до него мора да стигнат на лизгалки.

Сопственикот на еден скијачки центар во јужна Полска ја отвори скијачката патека, а покрај неа постави капела за верниците кои доаѓаат на скии.

Полјаците и покрај карантинот масовно ги посетуваат планините, а бидејќи пансионите се затворени изнајмуваат камп приколки.

Коронавирус