петок, 23. октомври 2020. Вести денес: 124
home Вести

Полска го казни Гаспром со 7,6 милијарди долари поради Северен тек 2

Полска го казни Гаспром со 7,6 милијарди долари поради Северен тек 2

Полскиот антимонополски регулатор денеска соопшти дека го казнил „Гаспром“ со над 29 милијарди злоти (7,6 милијарди долари) за изградба на гасоводот „Северен тек 2“ (НС2) без нивно одобрување, на што реагираше рускиот гасен гигант најавувајќи дека ќе поднесе жалба до судот.

Надзорниот орган на полската Комисија за заштита на конкуренцијата информира и дека изрекол казна од 234 милиони злоти за уште пет други компании вклучени во финансирање на гасоводот вреден 11 милијарди американски долари, што ќе го удвои извозниот капацитет на рускиот гас преку Балтичко Море.

„Гаспром“ ја предводи изградбата на Северен тек 2, а половина од средствата се обезбедени од германскиот Унипер и единицата Винтерсел на БАСФ, англо-холандската компанија Шел, австриската ОМВ и француски Анжи.

Полска смета дека Северен тек 2 претставува закана за европската енергетска безбедност, велејќи дека тоа ќе ја зголеми зависноста на Стариот континент од руската енергија, а САД се против изградбата на гасоводот, и веќе воведоа санкции за компаниите што работат на поставување цевки за овој проект.

Коронавирус