петок, 22. ноември 2019. Вести денес: 7
home Вести

Полска ги укина даноците за младите луѓе

Полска ги укина даноците за младите луѓе

Полска ги укина даноците за младите работни луѓе во обид да се запре заминувањето на младите од земјата. Според новите правила, ниту еден работник  до својата 26-та година нема да плаќа данок на доход. Олеснувањето се однесува само на работниците, не и на претприемачи и работодаватели.

Законот стапи во сила на 1 август и може потенцијално да влијае на два милиони луѓе во земјата со 38 милиони население. Властите велат дека укинувањето на данокот ќе ги охрабри младите луѓе да се приклучат на пазарот на трудот, кој постојано бележи недостиг на луѓе.

– Не очекувам да се збогатам од оваа мерка, вели 23-годишниот Јан Пиотрски. – Очекувам мојата плата да биде повисока за 100 до 200 злоти (23-46 евра) месечно.

Во Полска, нема точна статистика за тоа колку пари заработуваат младите до 26-годишна возраст. Просечната плата за сите работници е 3700 злоти (860 евра).