среда, 22. јуни 2022. Вести денес: 159
АКТУЕЛНО

Падна владата во Бугарија, Кирил Петков повеќе не е премиер

home Вести

Полициски час за малолетници во центарот на Чикаго

Полициски час за малолетници во центарот на Чикаго

Градските власти во Чикаго воведуваат полициски час за млади лица во централното градско подрачје, поради завчерашното убиство на 16-годишното момче.

Градоначалничката Лори Лајтфут појасни дека мерката за ограничување на движење ќе важи на просторот на Милениум паркот во центарот, што е едно од омиленисте места за собирање на младите во градот. Забраната ќе биде на сила од 18 часот в четврток до в недела, период во кој лицата помлади од 18 години нема да смеат да се движат без придружба во паркот.

Лајтфут ги повика сите родители и јавноста да сторат се што е неопходно за да се спречат напади како оној завчерашниот, кога во оружена престрелка беше убиен малолетник, а две лица беа ранети. За убиството е обвинет исто така малолетник, на возраст од 17 години.

Коронавирус