среда, 23. септември 2020. Вести денес: 0
home Вести

Полицијата во Минск ги затвори приодите кон Плоштадот на независноста

Полицијата во Минск ги затвори приодите кон Плоштадот на независноста

Полицијата во Минск ги затвори приодите кон централниот Плоштад на независност, каде се наоѓаат владината зграда и зградата на Централната изборна комисија, јави ТАСС.

Полициските единици се распоредени и околу зградата на претседателската администрација.

Таму се паркирани над 10 автобуси со припадници на полициските интервентни единици, а доставена е и специјална опрема, што се користи за растурање демонстрациите.

Во меѓувреме, бројот на демонстранти расте. Според проценките на ТАСС, во центарот на Минск засега има неколку илјади луѓе.

Од соопштувањето на резултатите од претседателските избори во Белорусија во неделата, секојдневно во Минск и други градови се одржуваат протести, каде демонстрантите ги обвинуваат властите за изборен фалсификат. Досега се уапсени најмалку 6700 демонстранти, не е познат бројот на повредените. Исто така, има повредени и полицајци во протестите. (МИА)

Коронавирус