понеделник, 30. ноември 2020. Вести денес: 0
home Вести

Полицијата во Мадрид употреби гумени куршуми на протест на мигранти

Стотиците демонстранти изгореле пластични контејнери за отпад и мавале со камења врз полицајците. Тие, исто така, ја запалиле фасадата на филијала на банка и скршиле стаклени панели на автобуска станица.
Полицијата во Мадрид употреби гумени куршуми на протест на мигранти

Полицијата во Мадрид употреби гумени куршуми за да растера мигранти кои протестираа во центарот на градот поради смртта на 35-годишен сенегалски уличен продавач, кој според нив бил прогонуван од полицијата за нелегална продажба.

Според спасувачките служби, Сенегалец бил пронајден во бесознание во кварт со големо имигрантско население. Други улични продавачи велат дека биле сведоци како локални полицајци го гонеле со мотоцикли и тој колабирал.

Стотиците демонстранти изгореле пластични контејнери за отпад и мавале со камења врз полицајците. Тие, исто така, ја запалиле фасадата на филијала на банка и скршиле стаклени панели на автобуска станица.

Во судирите се повредени 16 полицајци и четворица цивили. (МИА)

Коронавирус