вторник, 18. февруари 2020. Вести денес: 63
home Вести

Полицијата во Лондон поставува камери за препознавање лица

Полицијата во Лондон поставува камери за препознавање лица

Британската полиција објави дека ќе започнат со употреба на камери за препознавање лице во Лондон, и покрај тоа што групите за човекови права и владината надзорна агенција предупредуваат на повреда на приватноста.

Првата камера во британската метропола беше пуштена во употреба за време на карневалот во населбата Нотинг Хил во 2016 година, а нивна задача отсега ќе биде да препознаат лица од потерница за полициски цели.

„Технологиите за препознавање на лицето ќе ги користат разузнавачките агеции и ќе бидат распоредени на одредени локации во Лондон“, соопшти денеска лондонската полиција.

Камерите ќе бидат јасно обележани, а полициските службеници ќе делат летоци со информации за тоа што се случува.

Камерите за препознавање лице се веќе лансирани во други градови и трговски центри во Велика Британија, но нивната употреба предизвика загриженост за нарушувања на приватноста, при што противниците на камерите ја доведоа во прашање прецизноста на технологијата.

ЕУ разгледува петгодишна забрана за таа технологија на јавни места за да развива правила со текот на времето за да спречи злоупотреба.