вторник, 1. декември 2020. Вести денес: 25
home Вести

Полицијата во Данска уапсила пијани и дрогирани лица што возеле електрични тротинети

Полицијата во Данска уапсила пијани и дрогирани лица што возеле електрични тротинети

За време на изминатиов викенд 24 лица биле уапсени за возење електричен тротинет под дејство на алкохол.

Полицијата во Копенхаген уапсила 28 лица кои возеле електричен тротинет под дејство на алкохол или дрога, пренесуваат тамошните медиуми.

За време на изминатиов викенд 24 лица биле уапсени за возење електричен тротинет под дејство на алкохол, додека другите четворица беа приведени бидејќи биле под влијание на наркотици.

Информацијата за апсењето беше објавена на Твитер, поради тоа што во главниот град на Данска ова не бил прв случај кога лица под дејство на алкохол или дрога се возеле на електрични тротинети, објави „Би-би-си“.

Корисниците што возат тротинети под дејство на наркотици или алкохол, мора да платат парична казна од 274 евра.

Коронавирус