четврток, 12. декември 2019. Вести денес: 0
home Вести

Полицијата уапси 8 лица, силувале тинејџерка

Полицијата уапси 8 лица, силувале тинејџерка

Холандската полиција уапси осум лица осомничени дека силувале најмалку три тинејџерки. Во градот Ден Бос и соседниот Росмален уапсени се млади луѓе на возраст меѓу 18 и 26 години.

Полицијата почна истрага откако три девојчиња, независно една од друга, објавија дека биле сексуално злоупотребени од група мажи во гаражата за поправка на автомобили во Ден Бос.

Детективите, кои ја пребараа гаражата во потрага по форензички докази, изјавија дека има индиции дека имало повеќе жртви на членовите на бандата, но дека не го пријавиле силувањето од страв.

Се верува дека членовите на бандата оствариле контакт со жртвите преку социјалните мрежи, како и дека ги дрогирале пред да бидат злоупотребени, пренесува АП.