сабота, 27. ноември 2021. Вести денес: 105
home Вести

ПОЛИЦИЈАТА ИСТРАЖУВА: Писмо со три куршуми испратено до папата

ПОЛИЦИЈАТА ИСТРАЖУВА: Писмо со три куршуми испратено до папата

Полицијата во Милано истражува кој испратил писмо со три куршуми до папата Франциск, соопштија денеска италијанските карабинери.

Сомнителното писмо вработените го пресретнаа синоќа при сортирање на поштата во предградие на Милано.

Утврдено е дека писмото е испратено од Франција. Адресата на писмото е рачно напишана – „Папа, град Ватикан, Плоштад Свети Петар, Рим“.

Во писмото пронајдени се три куршуми, за кои се претпоставува дека се некој вид порака поврзана со финансиските операции во Ватикан.

Ватикан се уште не го коментирал инцидентот.

Коронавирус