среда, 25. ноември 2020. Вести денес: 196
home Вести

Полиција во Јужна Каролина разби забава со 2000 луѓе без маски

Полиција во Јужна Каролина разби забава со 2000 луѓе без маски

Властите во американската држава Јужна Каролина објавија дека ја прекинале забава, на која учествувале најмалку 2.000 лица, кои не се придржувале кон мерките на претпазливост за да се спречи ширењето на коронавирусот.

Мајк ДеСума, портпарол на противпожарната служба на главниот град на Јужна Каролина, Колумбија, изјави дека собирот се случил во саботата во станбен комплекс за време на американски фудбалски натпревар на Универзитетот во Јужна Каролина.

Полицијата ја растурила забавата откако пожарникарите ја прогласија за непосредна опасност. (МИА)

Коронавирус