петок, 14. мај 2021. Вести денес: 0
home Вести

Полицаецот кој го уби Џорџ Флојд категоричен: Се повика на Петиот амандман и одбива да сведочи

Полицаецот кој го уби Џорџ Флојд категоричен: Се повика на Петиот амандман и одбива да сведочи

Поранешниот полицаец од Минеаполис, Дерек Шовин, кому се суди за убиството на Џорџ Флојд, на денешното рочиште од предметот што се води во локалниот суд се повика на Петтиот амандман и се изјасни дека не сака да сведочи за време на судењето.

Шовин беше категоричен дека е тоа неговата одлука, пишува Си-Ен-Ен.

Во судот во Минеаполис од минатата недела е во тек судењето на полицаецот кој употреби прекумерна сила при апсењето на Џорџ Флојд во мај минатата година, по што Флојд почина.

Во досегашниот тек од судењето Шовин (45) се изјасни за невин по обвиненијата за убиство од втор и трет степен.

Неговиот адвокат, Ерик Нелсон, во досегашната постапка кажа дека случајот е посложен од само објавување видеа. Тој додаде дека Шовин ги следел упатствата за полициска обука за употреба на сила и тврди дека Флојд починал поради употреба на дрога во комбинација со други здравствени проблеми.

Коронавирус