Полицаец од Њујорк изгуби трпение додека чекаше во колона со возила во Квинс па направи нешто неочекувано за да се извлече од гужвата, што би можело да го чини и губење на работата.
Проблем направила црната „хонда“ која била среде улица и го блокирала сообраќајот.
Полицаецот со службен автомобил удрил во ондата, па се врати во рикверц и удри во автомобилот зад него. Во тој момент се создаде поголем простор помеѓу него и хондата, па полицаецот повторно даде гас и тргна напред и практично ја истурка хондата и продолжи да си вози. Попатно удрил во уште еден автомобил пред да реши да застане.
Полицијата го истражува овој инцидент, а полицаецот е одведен во болница за да се утврди дали има некакви психички проблеми.