недела, 13. јуни 2021. Вести денес: 8
home Вести

Поларните температури и снегот и денеска предизвикуваат проблеми во Германија и Холандија

Поларните температури и снегот и денеска предизвикуваат проблеми во Германија и Холандија

Сообраќајот и денеска се одвива отежнато во Германија и Холандија, поради обилниот снег и ледените температури што ги зафатија Централна и Северна Европа.

За денеска беше планирано холандските деца да се вратат во училиштата по паузата поради коронавирусот, но поради временските прилики тоа е одложено.

Синоќа камиони останаа заглавени во снегот на автопатот А4 кај Гера во источна Германија, додека дел од автопатот А7 кај Гетинген во северна Германија е затворен поради блокирани камиони, пренесува агенцијата ДПА.

Германската железница Дојче Бан соопшти дека сообраќајот се уште е во прекин во делови од централна и северна Германија и дека возовите на долги релации не работат на правците северо-источно од Франкфурт, западно од Берлин или југозападно од Хамбург.

Холандската железница НС информира дека денеска во Холандија се очекува „многу ограничена услуга“.
За денеска беше најавено и дека стотици илјади холандски деца ќе се вратат во основните училишта по строгиот „локдаун“ што започна пред божиќните празници. Наместо тоа, за многумина, тоа е уште еден ден дома откако вчера снежна бура ја погоди Холандија и го наруши сообраќајот низ целата земја.

ЕУРО 2020

Македонија