петок, 23. април 2021. Вести денес: 48
home Вести

Покренала истрага за злосторства извршени на палестинските територии, САД се против истрагата на Судот во Хаг

Покренала истрага за злосторства извршени на палестинските територии, САД се против истрагата на Судот во Хаг

САД се жестоко против истрагата на Меѓународниот кривичен суд за наводните злосторства извршени на палестинските територии, изјави синоќа портпаролот на Стејт департментот, Нед Прајс.

Тој додаде дека администрацијата на претседателот Џо Бајден сепак ги преиспитува санкциите воведени за време на мандатот на Доналд Трамп, против обвинителката Фату Бенсуде и други претставници на меѓународната јурисдикција.

Обвинителката Бенсуде вчера соопшти дека покренала истрага за наводните злосторства извршени на палестинските територии. Таа истакна дека истрагата ќе се води „независно, непристрасно и објективно“.

Бенсуде уште во 2019 година изјави дека постои „разумна основа“ за да се покрене истрага за воените злосторства извршени за време на израелските воени акции во Појасот Газа и при ширењето на еврејските населби на окупираниот Западен Брег.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вчера одлуката на Бенсуде за покренување на истрага ја оцени како „лицимерие и антисемитизам“.

Коронавирус