среда, 19. февруари 2020. Вести денес: 23
home Вести

Погребани Иранците загинати во соборениот украински авион, во Канада почит со минута молк

Погребани Иранците загинати во соборениот украински авион, во Канада почит со минута молк

Иранците вчера ги погребаа своите државјани кои се најдоа меѓу 176-те загинати во соборениот украински авион во Техеран, додека на универзитетите ширум Канада се одржаа минута молк за одавање почит кон жртвите.

На една од снимките објавени на интернет се гледа како иранското знаме се трга од ковчегот на една од жртвите, чија мајка вика „Симнете го“, пренесоа британските медиуми.

Во меѓувреме, канадскиот министер за сообраќај, Марк Гарно, изјави дека кандските истражители го посетиле местото на несреќата, во која настрадаа 57 Канаѓани, и дека подоцна ќе ги прегледаат остатоците од авионот.

-Тоа што Иранците ни го кажаа е дека ќе ни биде дозволено да учествуваме не само во декодирањето ( на црните кутии), туку и во анализите“ рече Гарно на прес конференција.

Тој додаде дека Канада бара да добие официјален статус во истрагата на Иран за падот на авионот, што го соборија иранските сили, пренесоа американските медиуми.

Гарно , исто така, истакна дека канадските истражители се наоѓаат во Иран како дел од меѓународна екипа и дека добро соработуваат, но дека сака нивното учество во истрагата да се формализира.